• среда, 27 ноември 2024

Данска ќе ги убие сите визони поради мутација на коронавирусот

Данска ќе ги убие сите визони поради мутација на коронавирусот
Копенхаген, 4 ноември 2020 (МИА) - Данска ќе ги убие сите визони, помеѓу 15 и 17 милиони, поради ризик од мутација на коронавирусот, изјави денеска премиерката Мета Фредериксен. - Државните власти регистрираа мутација на вирусот кај визоните, која се прошири и кај луѓето, рече Фредериксен на прес-конференција. Таа додаде дека мутираниот вирус кај визоните може да претставува ризик за ефективноста на идната вакцина. Во нордиските земји, сè уште има жаришта на фармите со визони, и покрај напорите на властите да ги убијат заразените визони од јуни. Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке рече дека околу половина од заразените 783 Данци на северот на земјата, каде што се наоѓаат голем број фарми со визони, се заразени со вирусот што потекнува од тие фарми. Визони беа убиени и во Холандија и Шпанија откако беше откриена заразата. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан