• понеделник, 23 декември 2024

Данска привремено ја затвори границата со Германија

Данска привремено ја затвори границата со Германија
Копенхаген, 19 февруари 2021 (МИА) - Данските власти денеска соопштија дека привремено ја затвораат границата со Германија поради ширењето на коронавирусот во градот Фленсбург, во северна Германија. Британските медиуми пренесуваат дека покрај ваквата одлука, данското Министерство за правда најави и воведување на повисоко ниво на гранични контроли на сите гранични премини. На официјалната веб-страница на локалните власти во германскиот град Фленсбург денеска беше објавено дека стапката на инфекција е 193 на 100 илјади жители и дека во 50 проценти од случаите е потврдено присуството на мутираните варијанти на вирусот. Од утре во овој германски град ќе биде воведен полициски час од 21 до 5 часот. сд/

Остани поврзан