• сабота, 23 ноември 2024

Данска повикува на повеќе заееднички воени вежби со нордиските земји

Данска повикува на повеќе заееднички воени вежби со нордиските земји

Копенхаген, 16 мај 2023 (МИА) – Данска денеска соопшти дека има за цел да ги зајакне своите воени врски со другите нордиски земји за да се спротивстави на руската закана во балтичкиот регион и да ја заштити клучната инфраструктура, пренесуваат британските медиуми.

Во новата стратегија за надворешна и безбедносна политика, владата на оваа земја бара повеќе заеднички воени вежби и координација на воените планови со другите нордиски земји.

„Нордиските земји сега се пообединети од кога било досега во однос на безбедносната и воената политика“, се наведува во извештајот, нагласувајќи го неодамнешното членство на Финска во НАТО и очекуваното барање на Шведска за членство во Алијансата.

Данците минатата година гласаа за приклучување кон воената политика на Европската унија, сигнализирајќи чекор кон продлабочување на воените врски како одговор на руската инвазија на Украина.

Данска веќе соработува со Шведска, Норвешка и Финска за создавање обединета нордиска воздушна одбрана.

Стратегијата признава дека Данска не ја сфатила доволно сериозно руската безбедносна закана во балтичкиот регион и укажува на недостатоците во нејзината способност да ја брани својата територија. Данска има за цел да ја исполни целта на НАТО за воени трошоци од два отсто од БДП до 2030 година.

Мора да ја зајакнеме данската одбрана и безбедност и дополнително да придонесеме за одвраќање и одбрана на НАТО, особено во соседството“, се наведува во стратегијата. сд/

 

 

Остани поврзан