Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки
- Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

Хернинг, 13 декември 2023 (МИА) – Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.
Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот.
Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24.
Во полуфиналето ќе се соочат:
Шведска – Франција
Данска – Норвешка. зс/
Фото: Фејсбук „IHF“