• недела, 22 декември 2024

Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море

Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море

Копенхаген, 2 јануари 2024 (МИА) - Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови.
„Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек.

Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат.

„Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск. зш/

Остани поврзан