• петок, 27 декември 2024

Даночната служба на Австалија ќе ги проучи Пандорините документи

Даночната служба на Австалија ќе ги проучи Пандорините документи
Канбера, 4 октомври 2021 (МИА) - Даночната служба на Австралија (АТО) соопшти дека ќе ги анализира податоците од Пандорините документи и оти ќе ги идентификува сите можни австралиски врски. АТО соопшти дека има меѓународна соработка, договори и соработка и оти редовно добива информации од различни извори во своите напори за борба против затајување данок и криминал. Претставник на АТО, Вил Деј истакна дека постојат голем број легитимни причини за некој да има офшор банкарска сметка или структура, но има и такви кои се обидуваат да ги сокријат сопствените интереси или финансиски грешки преку офшор трансакции. Тој нагласи дека АТО има некои од најдобрите ревизори, истражувачи, аналитичари и истражувачи на податоци во светот, кои работат заедно за да го одделат доброто од лошото, осигурувајќи дека нема сигнал што не е тестиран. - Пораката е јасна, тие кои се обидуваат да го измамат системот: вашите тајни повеќе не се безбедни и можете да очекувате сериозни последици за вашите постапки. Ниту една комплицирана трага од пари не е премногу тешка за нас, посочи Деј. Тој додаде дека АТО ги охрабрува лицата да ги пријават офшор приходите. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан