• понеделник, 23 декември 2024

Со изведување докази од одбраната продолжува судењето за случајот „Софтвери" 

Со изведување докази од одбраната продолжува судењето за случајот „Софтвери

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Со изведување на материјални докази од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегална набавка на софтвер. 

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска. 

По изведувањето на материјалните докази од одбраната, на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој ќе биде испитан и ќе даде исказ пред Судот. 

Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека донел одлука за прифаќање на барањето на Обвинителството за одредување привремена мерка - забрана на обвинетиот Драги Рашковски за располагање со средства во висина од 700 илјади денари, од сметката на име на неговото малолетно дете. Овие средства биле обезбедени од почетокот на постапката, но како орочени и по истекот тие биле префрлени од девизна, на денарска сметка. 

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. 

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ. аа/дма/

 

МИА:Фото архива

Остани поврзан