• четврток, 26 декември 2024

Данилов: Враќањето на територијалниот интегритет на Украина е клучен услов за разговори со Русија

Данилов: Враќањето на територијалниот интегритет на Украина е клучен услов за разговори со Русија
Киев, 8 ноември 2022 (МИА) – Шефот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов денеска изјави дека главен услов за продолжување на преговорите со Русија е обновувањето на територијалниот интегритет на земјата. Тој на Твитер објави дека на Украина и е потребна „гаранција“ што ја даваат современите противвоздушни системи, борбени авиони, тенкови и ракети со долг дострел. „Русија, преговори. Главен услов на украинскиот претседател е враќање на територијалниот интегритет на земјата“, напиша Данилов. Тој додаде дека „руските ракети мора да бидат уништени пред да бидат лансирани во воздух, од земја или од море“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека е подготвен да разговара со Русија, но само доколку тоа се „вистински“ преговори што ќе доведат до обнова на границите на Украина, компензација за руските напади и казна за воени злосторства. Изјавата на Зеленски уследи еден ден откако Вашингтон пост објави дека САД сакаат Киев да покаже подготвеност за преговори бидејќи стравуваа дека украинската непопустливост ќе ја оштети меѓународната поддршка за земјата. ми/

Остани поврзан