• четврток, 26 март 2026

Дамсгард ќе биде во данскиот состав за дуелот со македонската репрезентација

Дамсгард ќе биде во данскиот состав за дуелот со македонската репрезентација

 

Копенхаген, 25 март 2026 (МИА) – Селекторот на Данска, Брајан Ример, потврди попладнево на официјалната прес конференција дека напаѓачот на премиерлигашот Брентфорд, Микел Дамсгард, ќе биде во составот за утрешниот дуел против македонската репрезентација во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

„Тој тренираше денеска добро и е подготвен. Само требаше да видиме дали ќе може да го издржи тренингот.“, изјави Ример.

Данскиот селектор не обелодени детали околу составот со кој ќе им се спротивстави на македонските фудбалери, утревечер на стадионот „Паркен‘ во Копенхаген, со почеток во 20:45 часот.

„Тимот ќе го соопштам утре на нашиот утрински тренинг. Сè е подготвено, деловите се на место, а потоа сме подготвени за настап.“ додаде Ример. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан