• петок, 05 декември 2025

Далот: Секој пат кога излегувам на теренот, мислам на Жота

Далот: Секој пат кога излегувам на теренот, мислам на Жота

Манчестер, 5 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Диого Далот, призна дека покојниот Диого Жота бил пример за него.

- Тешко е да се зборува за тоа, но беше тешка недела за мене и за секој играч што играше со него. Не можам да замислам низ што помина неговото семејство. Имав можност да ги видам и тоа е едноставно ужасно. Нема зборови да се опише кога се случува таква трагедија. Едноставно е шокантно. Тогаш почувствував дека сите, целиот свет, дури и оние што не го познаваа лично, беа шокирани. Тоа е вистинска трагедија. Секој пат кога излегувам на теренот, размислувам за тоа. Дури и денес видов дресови со неговото име на нив. Ќе се памети засекогаш и го заслужува тоа, бидејќи беше одлична личност и одличен соиграч. Диого беше пример за мене. Тој секогаш беше некој што размислуваше и го ставаше тимот на прво место. Затоа секогаш ќе го паметам така. Се надевам дека сега е во мир и почива таму каде што е. Играв со него многу години во националниот тим и поминав многу време со него. Така се создава таа врска, така се создаваат спомени. Тоа е она што сакам да го задржам - добрите спомени. Така сакам да го паметам, изјави Далот за „Би-би-ци“.

На 3 јули, 28-годишниот Жота и неговиот 25-годишен брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа во Шпанија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан