Давидовски на победничкиот подиум во првата трка на Монца
- Виктор Давидовски по едногодишна пауза се врати на трките во ТЦР Европа. Тој денес на легендарната патека „Монца“ го постигна својот досега најголем успех искачувајќи се на победничкиот подиу

Монца, 26 септември 2020 (МИА) - Виктор Давидовски по едногодишна пауза се врати на трките во ТЦР Европа. Тој денес на легендарната патека „Монца“ го постигна својот досега најголем успех искачувајќи се на победничкиот подиум.
- Поради дождливото време на тренинзите, македонскиот пилот со својот Хонда Сивик немаше доволно време за местење на идеалниот сет-ап, а дополнително автомобилот доби 90 килограми тежински пенал (60 килограми според БОП-системот на организаторите, како и 30 килограми за неучество на претходната трка), па поради тоа освои 16-то место на квалификациите. Сепак, во првата трка која се возеше во сабота попладне, Давидовски успеа да напредува дури шест места, со што се избори за пласман на 10 место.