• вторник, 24 декември 2024

Г7 предлага соработка во борбата против новиот коронавирус

Г7 предлага соработка во борбата против новиот коронавирус
Вашингтон, 3 март 2020 (МИА) - Претставници на централните банки и министрите за финансии од земјите на Г7 денеска соопштија дека се подготвени да преземат соодветни мерки, вклучително и фискални кадешто е потребно, за да помогнат во одговорот на новиот коронавирус и за поддршка на светската економија. Во заедничката изјава по итниот конференциски повик, министрите рекоа дека ќе ги искористат „сите соодветни политички средства“ за да постигнат силен одржлив раст и безбедност од ризик од ширење на коронавирус, што предизвикува страв од глобална рецесија. „Со оглед на потенцијалното влијание на Ковид-19 врз глобалниот раст, ние ја реафирмираме нашата решеност да ги искористиме сите политички средства за да постигнеме силен одржлив раст и заштита од ризик“, се вели во соопштението од земјите на Г7 (САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија). ссм/  

Остани поврзан