• понеделник, 23 декември 2024

Г7 и сојузниците загрижени поради испраќањето севернокорејски трупи во Русија

Г7 и сојузниците загрижени поради испраќањето севернокорејски трупи во Русија

Рим, 5 ноември 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите од Групата седум (Г7) и трите клучни сојузници изразија загриженост поради испраќањето севернокорејски трупи во Русија и можноста тие трупи да бидат искористени во војната против Украина.

Во заедничката изјава, министрите истакнаа дека „директната поддршка на Северна Кореја за руската војна против Украина, покрај тоа што ги покажува очајните напори на Русија да ги компензира своите загуби, претставува и опасно проширување на конфликтот“.

Покрај членките на Г7, кои ги сочинуваат Соединетите Американски Држави, Јапонија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција и Канада, изјавата ја потпишаа и Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. паг/

 

Остани поврзан