• вторник, 24 декември 2024

Гутереш: Сега не е време за оценка на глобалниот одговор на Ковид-19

Гутереш: Сега не е време за оценка на глобалниот одговор на Ковид-19
Њујорк, 8 април 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека сега не е време за оценка на глобаниот одговор на пандемијата на коронавирусот, повикувајќи ја меѓународната заедница, место тоа, да се фокусира на солидарноста во запирањето на вирусот. „Еднаш кога конечно ќе ја свртиме страницата за оваа пандемија, ќе дојде време кога во целост ќе се свртиме наназад за да сфатиме како една таква болест ни се појави, толку брзо и уривачки се прошири ширум светот и како сите кои учествуваа реагираа на кризата“, наведе Гутереш во соопштението, пренесено од британските медиуми. „Но, сега не е време“, порача генералниот секретар на ОН. Соопштението од кабинетот на Гутереш е лиферувано по критиката на американскиот претседател Доналд Трамп за работењето на Светската здравствена организација, при што тој ја обвини дека била фокусирана на Кина и дека давала лоши совети во текот на епидемијата, наведоа британските меидуми. сд/

Остани поврзан