Гутереш: Се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел да го прекине огнот во Појасот Газа
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел дека е потребен прекин на огнот во Појасот Газа и дека инвазијата на градот Рафа ќе предизвика хуманитарна катастрофа.
Aман, 25 март 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел дека е потребен прекин на огнот во Појасот Газа и дека инвазијата на градот Рафа ќе предизвика хуманитарна катастрофа. Гутереш ја даде изјавата за време на посетата на Јордан.
„Гледаме како се формира поширок консензус во меѓународната заедница за тоа да му биде наведено на Израел дека е потребен прекин на огнот, а исто така - (за тоа) ги слушнав од САД, слушнав мислења и од Европската унија, нема потреба да спомнувам, се разбира, муслиманскиот свет - да му се стави јасно до знаење на Израел дека секоја копнена инвазија во Рафа може да значи хуманитарна катастрофа“, рече Гутереш на прес-конференција.
Градот Рафа, на границата со Египет, е пренаселен, со над милион Палестинци кои се засолниле таму бегајќи од воените дејствија во Појасот Газа, додека Израел е решен да го нападне градот, кој го смета за „последниот бастион“ на радикалното палестинско движење. Хамас“. рп/
Фото: ЕПА