Гутереш побара од кинеските лидери да дозволат инспекција на ОН за правата на Ујгурите
- енералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш им порача на кинеските лидери дека очекува да му дозволат на високиот претставник на ОН за човекови права Мишел Бачелет да направи „целосна посета“
Пекинг, 6 февруари 2022 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш им порача на кинеските лидери дека очекува да му дозволат на високиот претставник на ОН за човекови права Мишел Бачелет да направи „целосна посета“ на земјата, вклучувајќи ја и провинцијата Синџијан.
Како што е наведено во соопштението на ОН, Гутереш се сретна со претседателот Си Џинпинг и министерот за надворешни работи Ванг Ји.
Бачелет подолго време бара од властите во Пекинг да и дозволат да ги испита извештаите за прекршување на правата на ујгурската муслиманска заедница на терен во регионот Синџијан.
Прашањето ги влоши односите на Кина со Западот, а многу земји наметнаа дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри. паг/