• понеделник, 23 декември 2024

Гутереш: Не постои алтернатива за УНРВА

Гутереш: Не постои алтернатива за УНРВА

Њујорк, 12  јули 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нема алтернатива за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) и дека 118 земји ја поддржале таа хуманитарна организација.

„Мојот апел до сите е: заштитете ја УНРВА, заштитете го персоналот на УНРВА и заштитете го мандатот на УНРВА, вклучувајќи го и финансирањето. Да бидам јасен, нема алтернатива за УНРВА“, рече Гутереш на конференцијата за собирање средства за УНРВА во Њујорк.

Тој потсети дека УНРВА била цел и на други начини и дека персоналот на агенцијата бил „предмет на сè понасилни протести и жестоки кампањи на дезинформации“. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан