• петок, 15 ноември 2024

Гутереш го поздрави усвојувањето резолуција за прекин на огнот во Газа

Гутереш го поздрави усвојувањето резолуција за прекин на огнот во Газа

Њујорк, 25 март 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го поздрави усвојувањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, велејќи дека тоа би било непростливо доколку не се спроведе.

„Резолуцијата мора да се спроведе. Неуспехот ќе биде непростлив“, објави Гутереш на платформата Икс.

Откако САД одлучија да не го користат ветото и беа воздржани, резолуцијата беше усвоена денеска со 14 гласа „за“. САД претходно ставија вето на три резолуции кои повикуваа на прекин на огнот.

Усвоената резолуција повикува на прекин на огнот за време на светиот муслимански пост Рамазан, кој е во тек, и ослободување на сите заложници киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври на југот на Израел и однесени во Појасот Газа.

Меѓутоа, оваа мерка не го поврзува тоа барање со повикот за прекин на огнот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан