• понеделник, 16 декември 2024

Гутереш го осуди обидот за државен удар во Габон

Гутереш го осуди обидот за државен удар во Габон

Њујорк, 30 август 2023 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди обидот за државен удар во Габон и ги повикува сите вклучени „да бидат воздржани, да се вклучат во инклузивен и значаен дијалог и да обезбедат целосно почитување на владеењето на правото и човековите права“.

Гутереш„ исто така упати апел до националната армија и безбедносните сили во Габон да го гарантираат физичкиот интегритет на претседателот на Републиката и неговото семејство.

Габонската хунта го назначи генералот Брис Олигуи Нгуема за преоден лидер, изјавија војниците на габонската телевизија.

Воените лидери на Габон денеска соопштија дека воведуваат полициски час по хаосот на крајот на изборниот процес и преземањето на власта од страна на армијата. Полицискиот час е од шест до 18 часот по локално време. ми/

фото:ЕПА

Остани поврзан