Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола.
Вашингтон, 18 јули 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола.
- Очигледно е дека вештачката интелигенција ќе остави влијание врз сите аспекти од нашиот живот, изјави тој денеска на седница на Советот за безбедност на ОН посветена на оваа тема.
Гутереш истакна дека ВИ може да помогне во запирање на сиромаштијата или да го излечи ракот. Но, технологиите поврзани со неа може да имаат „мошне сериозни последици за глобалниот мир и безбедноста“.
Министерот за надворешни работи на Велика Брианија, Џејмс Клеверли, изјави дека ВИ „ќе влијае на работата на овој Совет. Тој смета дека таа може да ја засили или наруши глобалната стратешка стабилност.
- Таа е предизвик на нашите фундаментални претпоставки за одбрана и задржување. Таа става морални прашања за одговорноста за смртоносните одлуки на военото поле, изјави Клеверли.
Велика Британија моментално претседава со ротирачкиот Совет за безбедност. Кон крајот на годината таму се одржува самит за ВИ.
Гутереш се обрати до членките на ОН со молба до крајот на 2026 година да разработат правна обврзувачка рамка за „забрана на смртоносните автономни вооружени системи“. кб/паг/
Фото: МИА архива