• сабота, 23 ноември 2024

Гужви пред штипските станици за технички преглед за налепниците на возилата со НМК

Гужви пред штипските станици за технички преглед за налепниците на возилата со НМК

Штип, 12 февруари 2024 (МИА) - Пристигнаа налепниците со НМК за возилата во станиците за технички преглед во АМД-Штип, информираше денеска секретарот на АМД-Штип, Роберт Рогожаров. МИА утринава забележа гужва пред овој технички преглед, каде што возачите чекаа на регистарските таблички да им стават налепници со НМК. Рогожаров вели дека утринава добиле четири типа на налепници за возилата.

null

-Kaко што гледате после долго време најавување, утрово пристигнаа и ги донесоа налепниците од страна на МВР. Она што можам да го кажам е дека има критериум по кој ќе се местат овие налепници. Најпрвин да ви кажам дека има четири врсти за мали моторцикли, за моторцикли, за автомобили со регистерски таблички со три бројки и стандардните таблици. Контролорите пред камера треба да лепат овие налепници и ние сме обврзани да водеме посебна евиденција, по основ на тоа на кои се доделени, вели Рогожаров.

Прашан за поставување на налепниците со НМК под видео надзор, Рогожаров вели дека ова е донесено од страна на институциите, а какошто вели тој оваа постапка е само „парадирање“.

-Нема никаков основ, или имате или немате налепница, која е таа логика тоа да се прави на камера, но еве така одлучила државата, така и ќе правеме, вели Рогожаров.

Граѓаните кои утринава чекаа пред станицата за технички преглед велат дека веднаш пристигнале со возилата кога разбрале дека има налепници со НМК, дел од нив имаат возачки дозволи со Република Северна Македонија, но помал дел имаат возачки дозволи со Република Македонија. Овие граѓани чекаат информации дали од утре ќе можат да ги возат возилата со овие возачки дозволи, а притоа да не бидат казнети. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан