Гужва на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце се чека и до 45 минути
- На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 - 45 минути, информираат утрово од АМСМ.

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 - 45 минути, информираат утрово од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/
Фото: МИА архива