• сабота, 23 ноември 2024

„Гугл“ својата прва продавница ќе ја отвори во Њујорк

„Гугл“ својата прва продавница ќе ја отвори во Њујорк
Вашингтон, 20 мај 2021 (МИА) - „Гугл“ (Google) денеска најави отворање на своја прва продавница за малопродажба во Њујорк, каде компанијата има голема регионална канцеларија, каде се вработени околу 11.000 луѓе. - Во продавницата на „Гугл“, клиентите ќе можат да купуваат широк избор на производи од „Гугл“, почнувајќи од телефоните „Пиксел“до производите „Нест“, уредите „Фитбит“ до „Пикселбукс“, нагласи потпретседателот на Гугл, Џејсон Розентал. Тој најавио дека производите ќе можат да се купуваат и преку интернет на „Гуглстор“ (GoogleStore.com) и да ги подигнат своите нарачки во продавницата. - Новата продавница на Гугл е важен следен чекор во нашето хардверско патување за обезбедување на најкорисно искуство на Гугл, каде и кога и да им е потребно на луѓето, посочи Розентал. Додека Епл ги интегрираше своите физички продавници во својата маркетинг стратегија, Mајкрософт минатата година објави дека трајно ги затвора своите малопродажни објекти, освен неколку што ќе се користат како „центри за искуство“. ми/

Остани поврзан