• сабота, 23 ноември 2024

Губењето на видот може да биде ран знак за Алцхајмерова болест

Губењето на видот може да биде ран знак за Алцхајмерова болест

Бостон, 18 јули 2023 (МИА) - Слабеењето на видот може да биде знак за когнитивно опаѓање, според американски лекари и научници, кои велат дека овие наоди би можеле да помогнат во рано откривање состојби како Алцхајмеровата болест.

Тимот научници предводени од Џошуа Р. Ерлих од Универзитетот во Мичиген откриле дека „објективно измереното оштетување на видот е поврзано со поголема инциденца на деменција“. Но, бидејќи се смета дека повеќето такви оштетувања може да се спречат, напорите за „приоритизирање на здравиот вид“ би можеле да бидат важни за оптимизирање на падот на умствената функција, истакнуваат стручњаците по прегледувањето на податоците за речиси 4.000 луѓе на возраст од 71 година и повеќе, од Националната студија здравјето и стареењето (НХАТС), што се спроведува во САД од 2021 година.

„Поголемиот дел од оштетувањето на видот кај постарите возрасни лица може да се спречи или едноставно, проблемот сè уште не е решен со интервенции како очила или операција на катаракта“, соопшти истражувачкиот тим.

Операцијата на катаракта го намалува ризикот од деменција, според наводите, а оптимизирањето на видот може да спречи до 100.000 распространети случаи на деменција во САД.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан