• вторник, 24 декември 2024

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Њујорк, 10 мај 2024 (МИА) – Генералното собрание на Обединети нации денеска со големо мнозинство гласаше за резолуција за подобрување на статусот на Палестинците во ОН, вклучително и полноправно членство на Палестина во светската организација.

Резолуцијата е усвоена со 143 гласови „за“, девет „против“ помеѓу кои САД и Израел. Додека 25 земји беа воздржани. Тоа не им дава на Палестинците полноправно членство во ОН, туку едноставно ги признава како квалификувани да се приклучат.

Резолуцијата на Генералното собрание „утврдува дека Државата Палестина … треба да биде примена за членство“ и „препорачува Советот за безбедност да го преиспита прашањето позитивно“.

Апликацијата за да стане полноправна членка на ОН прво треба да биде одобрена од 15-члениот Совет за безбедност, а потоа и од Генералното собрание. Ако мерката повторно биде изгласана од Советот, најверојатно САД повторно ќе стават вето.

Со денеска изгласаната резолуцијата Палестинците добиваат некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година – како место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но нема да имаат право на глас. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан