• среда, 25 декември 2024

Грција ќе го продолжи воениот рок од девет на 12 месеци

Грција ќе го продолжи воениот рок од девет на 12 месеци
Атина, 19 октомври 2020 (МИА) - Грчкиот министер за одбрана Никос Панагиотопулос рече дека задолжителниот воен рок наскоро ќе биде продолжен од девет на 12 месеци со цел значително зајакнување на вооружените сили. Тој нагласи дека бројот на професионални офицери и бројот на ученици во воените училишта ќе се зголемат, пренесува Грчки репортер. Панагиотопулос не прецизираше кога тоа може да се случи, но се претпоставува дека тоа ќе биде на почетокот на 2021 година. паг/    

Остани поврзан