• среда, 25 декември 2024

Група европски парламентарци бараат деблокирање на полско-украинската граница

Група европски парламентарци бараат деблокирање на полско-украинската граница

Брисел, 9 декември 2023 (МИА) - Група членови на Европскиот парламент ја повикаа Европската комисија и полската Влада да „дејствуваат решително“ и да ја прекинат блокадата на камионџиите на граничниот премин меѓу Полска и Украина.

Литванскиот пратеник Андриус ​​Кубилијус вели дека 18 пратеници ја осудиле блокадата.

- Таквата ситуација е целосно неприфатлива, таа им служи само на интересите на Кремљ и сериозно го нарушува угледот не само на Полска, туку и на Европската Унија во целина, рече литванскиот европратеник. ссм/

фото: архива

Остани поврзан