Грузиската полиција ги растури вечерашните протести пред зградата на Парламентот
- Грузиските специјални сили ги растераа демонстрантите кои вечерва повторно протестираа пред зградата на парламентот во Тбилиси.
Тбилиси, 2 декември 2024 (МИА) - Грузиските специјални сили ги растераа демонстрантите кои вечерва повторно протестираа пред зградата на парламентот во Тбилиси.
Специјалните сили употребија опрема за разбивање на демонстрациите, а неколку лица беа приведени.
За време на конфликтот, демонстрантите употребиле пиротехнички средства и ги фрлале кон припадниците на специјалните сили, кои употребиле водени топови за да ги пробијат. паг/
Фото: ЕПА