• сабота, 16 ноември 2024

Груби се сретна со претставници на ромската заедница: Масовна сенсибилизација за процесот на пописот

Груби се сретна со претставници на ромската заедница: Масовна сенсибилизација за процесот на пописот
Скопје, 24 март 2021 (МИА) - Првиот Вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по средбата со претставници на турската заедница, имаше средба и со претставници на ромската заедница во Република Северна Македонија. -Разговорот помеѓу Груби и претставниците на ромската заедница е фокусирана на важноста на пописот на населението и со посебен акцент кај ромската заедница која мора да биде активирана за исполнување на оваа граѓанска обврска, додека пораката до нив ќе биде пренесена преку личности кои имаат влијание, се вели во соопштението од кабинетот на Груби. Тој истакнал дека поголемата свесност кај населението воопшто, но и од ромската заедница особено ќе доведе до поголем број на регистрирани лица, а од друга страна и самата држава ќе има појасна слика за состојбата на населението во земјата. Првиот вицепремиер им посочил на претставниците на ромската заедница дека дикастерот што тој го води е достапен за сите заедници, со што станува втор дом за сите заедници и има отворена врата и за други соработки. сст/ац/  

Остани поврзан