• понеделник, 23 декември 2024

Груби - Сарацин: Уставните измени се неопходен процес за европската иднина на земјата

Груби - Сарацин: Уставните измени се неопходен процес за европската иднина на земјата

Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска остварил средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Сојузна Република Германија, Мануел Сарацин.

Груби и Сарацин разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата и регионот, потребата од усвојување на уставните измени за да се продолжи евроинтегративниот пат, иницијативата на Европскиот фронт на владината коалиција, скрининг процесот, предизвиците и посветеноста за спроведувањето на реформите, борбата против криминалот и корупцијата.

Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, го информирал специјалниот претставник на Германија за досегашните чекори во насока на исполнување на обврската за уставните измени кои произлегуваат од европскиот предлог за надминување на спорот со соседна Бугарија, односно за формирањето на работната група за формулирање на уставните измени.

Двајцата соговорници ја искажале потребата од конструктивност за успех на овој процес од страна на сите протагонисти за креирање политики.

Груби ја истакнал посветеноста на Владата за успешно завршување на скрининг-процесот, конструктивната политика на добрососедство, спроведување на реформите и зајакнувањето на борбата против криминалот и корупцијата.

На средбата било посочено дека поддршката на Германија за европскиот пат на Северна Македонија нема да изостане. дма/бак/

Фото: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

Остани поврзан