• четврток, 26 декември 2024

Груби: Помалубројните заедници не се доволно застапени во јавната администрација

Груби: Помалубројните заедници не се доволно застапени во јавната администрација
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Правичната застапеност на помалите заедници во Северна Македонија не доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркалезната маса по повод 20-годишнината на Охридскиот договор на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници", додавајќи дека не е доволно направено за нивната адекватна застапеност во јавната администрација. - Тоа мора да се унапреди затоа во послендните неколку месеци имам блиска соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и се надевам дека ќе успееме да ја поправиме таа слика. Во однос на употребата на јазикот сметам дека има голем напредок затоа што повеќето јазици на помалите заедници се официјални јазици во неколку општини. Истото се однесува и на симболите и културните особености. Но, во однос на правичната застапеност ќе треба да се направи многу повеќе, рече Груби. Воедно, првиот вицепремиер збореше и за реорганизациајта на органите на државната управа, при што истакна дека се зборува за намалување на бројноста во институциите за над 20 отсто, со тоа што некои ќе се спојат, а други кои е утврдено дека нема потреба да функционираат понатаму, ќе бидат укинати. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, според најавите на Груби, ќе се зајакне со вклучување и на Комисијата за верски односи, со Агенцијата за млади и спорт, со Агенцијата за остварување на правата на немнозинските заедници и со други институции. оџ/сп/

Остани поврзан