• сабота, 23 ноември 2024

Груби и Грвала-Шварц договорија заедничка владина седница во септември

Груби и Грвала-Шварц договорија заедничка владина седница во септември
Скопје, 30 јули 2021 (МИА) - Заедничка владина седница на Северна Македонија и на Република Косово да се одржи во првата половина во септември годинава, договорија на денешнната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со Доника Гервала-Шварц, втор заменик премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово. Од Кабинетот на Груби информираат дека тие констатирале оти билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина со реализација на заеднички проекти во различни области кои имаат за цел продлабочување на економската соработка. Двајцата говорници, меѓу другото, како што се наведува во соопштението, дискутирале и за актуелната состојба во регионот, регионалната соработка, како и процесот на интеграција на државите од Западен Балкан во Европската унија. - Алтернатива на Република Северна Македонија, но и на регионот останува Европската унија. Ние како земја сме направиле многу храбри чекори во политички аспект, ги спроведуваме реформите и очекуваме Европската Унија да ги цени тие достигнувања, и во меѓувреме работиме на подигнување на животниот стандард за граѓаните, истакнал Груби на средбата.фф/са/

Остани поврзан