• четврток, 26 декември 2024

Груби: Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава

Груби: Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава
Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Владата ја усвои одлуката за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава, информира Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците. Груби се надева дека прогласувањето на кризна состојба заедно со забраната за движење во шумите ќе придонесе во намалување на пожарите. - Денеска се перистигнати екипи од Словенија, при што директорот на Дирекцијата за заштита и спасување веќе е на пат кон Берово да се сретне со екипите и се обидуваме со целосна мобилизација на сите наши инатитуционалнаи капацитети да се справиме со пожарите. Гледате дека не само во целиот регион туку секаде низ светот беснеат пожари во вој период. Се надевам дека прогласувањето на кризна состојба заедно со забраната за движење во шумите ќе придонесе во намалување на пожарите.Директорот утрово ме информира дека се е под контрола и се справуваме соодветно, рече Груби, по денешната тркалезна маса по повод 20 години Рамковен договор. Апелира до граѓаните да бидат што е можно посовесни, затоа што, како што рече, во огромен случај пожарите се предизвикани од човечки фактор.фф/са/

Остани поврзан