• понеделник, 23 декември 2024

Гром удри на плажа во Италија, повредени најмалку три лица

Гром удри на плажа во Италија, повредени најмалку три лица

Рим, 3 август 2024 (МИА) - Најмалку три лица се повредени денеска, од кои едно потешко, кога гром удри на плажа на италијанскиот јадрански брег, јавуваат медиумите.

Италијанските медиуми јавуваат дека околу пладне гром ја погоди плажата кај Алба Адријатика, во регионот Абруцо, додавајќи дека бројот на повредени може да достигне до седум.

Според италијанската агенција АНСА, повредените со хеликоптер биле пренесени во блиската болница.

Цивилната заштита денеска предупреди на нестабилни временски услови во централниот дел на Италија, со можна појава на невреме и често „празнење на атмосферскиот електричен набој“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан