• среда, 27 ноември 2024

Грлиќ Радман: Иницијативата Три мориња главна тема на квадрилатералниот министерски состанок

Грлиќ Радман: Иницијативата Три мориња главна тема на квадрилатералниот министерски состанок

Њујорк, 20 септември 2023 (МИА) - Иницијативата Три мориња ќе биде главна тема на квадрилатералниот министерски состанок меѓу Хрватска, Бугарија, Грција и Романија, што ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на ОН, а домаќин ќе биде Хрватска, најави во Њујорк министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.

Иницијативата Три мориња е неформална политичка платформа на земјите од Источна и Централна Европа (земји-членки на ЕУ) долж рутата Балтичко-Јадранско-Црно Море.

Министерот за надворешни и европски работи на Хрватска рече дека „таа иницијатива никогаш не била поважна и посилна, имајќи предвид дека Грција неодамна се приклучи на самитот во Букурешт, а на неа сакаат да се приклучат и многу други земји“.

„Сепак, тоа е ограничено на европските земји, со силна поддршка на Европската комисија и стратешките партнери, САД и Германија“, додаде тој.

Според Грлиќ Радман, иницијативата го препознала овој момент, особено по руската агресија врз Украина, како можност да се отворат дискусии за областите како дигитализацијата, енергетската диверзификација и зајакнувањето на транспортната инфраструктура, како и нови области поврзани со притисокот на илегалната миграција, кибер нападите и користењето на залихите на енергија за политички цели.

„Тука е важно да се зајакне и стабилизира поширокиот регион за да се намалат разликите, економските и социјалните, меѓу т.н. стари и нови земји-членки“, истакна шефот на хрватската дипломатија.

Според него, САД покажуваат уште посилен интерес за таа иницијатива отколку порано. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан