• вторник, 24 февруари 2026

ГРК Охрид го доби Олимпијакос за противник во четвртфиналето на Европскиот куп

ГРК Охрид го доби Олимпијакос за противник во четвртфиналето на Европскиот куп

Виена, 24 февруари 2026 (МИА) - ГРК Охрид ќе игра со Олимпијакос во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Вака одлучи денешната жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација.

Во случај да ја добие пресметката со грчкиот претставник, македонскиот тим во полуфиналето ќе се соочи со поуспешниот од двојката Целје – Бузау.

Натпреварите од четвртфиналето се играат на 27/28 март, домаќин ќе биде тимот од Атина, а реваншот е на 4/5 април во Охрид.

Другите две двојки за 1/4финалето се: Татабања – Нилуфер и Извиѓач – Карвина. зс/

Фото: ЕХФ

Остани поврзан