• понеделник, 23 декември 2024

Грковска: Судиите и обвинителите мора да носат независни и одговорни одлуки

Грковска: Судиите и обвинителите мора да носат независни и одговорни одлуки
Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - Владата е сериозно посветена на справување со корупцијата, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро валдеење, Славица Грковска.
-Граѓаните очекуваат правда и очекуваат да видат дека системот функционира подеднакво за сите, дека правдата нема двојни стандарди, туку дека владеењето на правото и законите важат подеднакво за сите. Корупцијата е реален проблем, од начинот на кој се справуваме со неа зависи економскот просперитет на нашата држава и затоа мора сите заедно, Владата, правосудниот систем, законодавната власт, граѓаните, медиумите, граѓанскиот сектор да го решаваме. Во повеќе наврати сум кажала дека овој проблем не може да го реши никој самостојно, треба сите заедно, координирано и со системски пристап.Само на тој начин ќе имаме вистински успех, нагласи Грковска во денешното гостување во емисијата „Детектор“.
Таа укажа дека кога се анализираат мерењата на корупцијата мора да се има предвид фактот дека денеска отворено се зборува за корупцијата и додаде дека Северна Македонија оваа година, на индексот на корупција, забележува подобрување две позиции во однос на минатата година, што не е доволно, но факт е дека има одреден напредок.Вицепремирката Грковска ја коментираше спроведената анкета од Институтот за политички истражувања од Скопје, во делот на перцепцијата на состојбите со корупцијата, која покажува дека 57,1 процент од испитаниците сметаат дека во правосудниот систем има многу корупција.-Обвинителството и судството  имаат уставно загарантирана независност, токму затоа мораат независно, професионално и одговорно да ги носат одлуките. Независноста на судството,  дражавата ја дава, но судиите и обвинителите треба да ја негуваат и унапредуваат, дополнително, не може таа независност да биде параван за тие да носат целосно, би рекла „зависни“ и „матни одлуки”, нагласи вицепремирката Грковска.Вицепремерката, додаде дека отчетноста и одговорноста се дел од принципите на добро владеење, и дека истите мораат да се имплементираат, а за секое незаконско и нетранспарентно работење одговорност мора да има.фф/лв/

Остани поврзан