• петок, 05 декември 2025

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“

Гркинките го напуштија „Трофеј Македонија“

Скопје, 20 септември 2025 (МИА) - Ракометната Федерација на Македонија утрово ја информира  спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.

- Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот, стои во објавата на РФМ.

На турнирот, покрај македонката учествуваат и репрезентациите на Египет и на Тунис. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан