• сабота, 23 ноември 2024

Грифитс повика на итен прекин на војната во Газа

Грифитс повика на итен прекин на војната во Газа

Њујорк, 6 април 2024 (МИА) - Шефот на Канцеларијата на ОН за цивилна помош (OCHA), Мартин Грифитс, итно повика на прекин на војната во Газа.

Грифитс побара „да се преземе одговорност за предавството на човештвото“ претставено со шестмесечната војна на Израел против палестинското движење Хамас во Појасот Газа. 

Во соопштението Грифитс оцени дека и покрај „глобалниот бес, толку малку е направено за да се стави крај на тоа, оставајќи простор за толку голема неказнивост“.

-За луѓето во Газа, последните шест месеци војна не донесоа ништо друго освен смрт, уништување и сега претстојната перспектива за срамен, вештачки глад, рече Грифитс.

Тој истакна дека „никој не е безбеден“ и дека населението нема каде да оди за да се заштити.

Според него, шестмесечната војна не само што мора да донесе сеќавање и жалост, туку мора да предизвика и „колективна реакција за да се сноси одговорност за ова предавство на човештвото“.

Грифитс на крајот на март објави дека поднесува оставка „од здравствени причини“ од позицијата заменик-секретар за хуманитарни прашања и координатор за итна помош на Обединетите нации. Тој треба да остане на функцијата до јуни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан