• сабота, 23 ноември 2024

Грифитс: И покрај рекордните донации, на ОН им недостигаат средства за хуманитарна помош

Грифитс: И покрај рекордните донации, на ОН им недостигаат средства за хуманитарна помош
Женева, 16 септември 2022 (МИА) - Покрај рекордните владини донации оваа година, на Обединетите нации им недостигаат рекордни 32 милијарди долари хуманитарна помош што им е потребна до крајот на годината. Тие 32 милијарди долари им се потребни на агенциите на ОН за да ги задоволат растечките глобални потреби до крајот на декември, објави денеска во Женева Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OЦХA).
Годинава се примени вкупно 17,6 милијарди, повеќе од кога било досега, но и дефицитот е поголем од кога било бидејќи потребата за средства годинава порасна на 49,5 милијарди долари. Гладот во светот, раселувањето, конфликтите и влијанијата на климатските промени придонесоа за лошата ситуација, оставајќи 204 милиони од најранливите луѓе во светот да имаат потреба од помош.
Светскиот глад, раселувањето, конфликтите и влијанијата на климатските промени придонесоа за лошата ситуација, оставајќи 204 милиони од најранливите луѓе во светот да имаат потреба од помош. „Милиони луѓе претрпуваат невидени тешкотии во конфликти, суши, поплави и други хуманитарни итни случаи каде што обемот на потребата значително ги надмина ресурсите што ни се достапни“, рече шефот за хуманитарна помош на ОН, Мартин Грифитс. Грифитс денеска издвои 100 милиони долари од Централниот фонд за итни случаи (ЦЕРФ) за да им помогне на недоволно финансираните хуманитарни операции. Така од фондот годинава се издвоени вкупно 250 милиони долари, што е рекорд досега. Парите ќе бидат распределени во 11 земји, вклучувајќи ги Јемен, Јужен Судан, Мјанмар, Нигерија и Бангладеш. паг/    

Остани поврзан