Грипот под контрола во Штип, пациентите се со полесни симптоми
- Иако во штипските здравствени ординации има пациенти со симптоми на грип, сепак ситуацијата е под контрола, вели лекар специјалист по семејна медицина Валентина Митрова. Таа посочува дека пациентите се жалат на кашлица, покачена телесна температура, малаксаност, главоболка и слично. Но, и кај децата и кај возрасните нема некој посериозни компликации од грип или заболувања слични на грип.
Штип, 17 февруари 2026 (МИА) - Иако во штипските здравствени ординации има пациенти со симптоми на грип, сепак ситуацијата е под контрола, вели лекар специјалист по семејна медицина Валентина Митрова. Таа посочува дека пациентите се жалат на кашлица, покачена телесна температура, малаксаност, главоболка и слично. Но, и кај децата и кај возрасните нема некои посериозни компликации од грип или заболувања слични на грип.
-Бројките се пониски од она што очекуваме, можеби и надворешните прилики, повисоките температури можеби сето тоа придонесува за помал број на заразени од грип. Релативно поминуваат со лесни симптоми, голем дел од возрасните поминаа полесно бидејќи се вакцинирани - вели Митрова.
Препораките остануваат исти, граѓаните да бидат внимателни и да водат грижа за сопственото здравје. Тоа значи да се консумира полесна храна, доволно течности, но и да не се земаат лекови на сопствена рака без лекар.
- Општите препораки се консумирање лесна храна, одмарање, изолација, и да не земаат лекови на своја рака. Атибиотик на своја рака да не се зема, пробиотик може - вели Митрова.
Дополнително се препорачува пациентите со хронични заболувања навремено да ја примаат својата терапија препишана од лекар, со цел периодот на грип да помине без поголеми компликации. вдј/лв/
Фото: МИА