• вторник, 24 декември 2024

Гринпис: Напуштениот танкер во близина на Јемен може да експлодира секој момент

Гринпис: Напуштениот танкер во близина на Јемен може да експлодира секој момент
Сана, 3 јуни 2021 (МИА) - Невладината еколошка организација Гринпис (Greenpeace) деенска предупреди дека напуштениот танкер во близина на брегот на Јемен може секој момент да експлодира и да предизвика еколошка катастрофа во Црвено Море. Танкерот ФСО Сафер, стар 45 години има 1,1 милиони барели нафта и од 2015 година е вкотвен западно од јеменското пристанште Ходеида. - Сидрото ФСО Сафер 'рѓосува и танкерот може да се распадне или експлодира во секој момент, изјави портпаролот на Гринпис, Ахмед Ел Друби. Советот за безбедност на Обединети нации во текот на денот ќе одржи седница за напуштениот танкер откако бунтовниците Хути, кои контролираат голем дел од северен Јемен, соопштија дека не е постигнат договорот за да и се дозволи на Мисијата на ОН да изврши увид.гринпис предупредува дека ОН „треба сега да дејствува за да се избегне голема еколошка катастрофа“, што ќе влијае врз рибарството и ќе го затвори јеменското пристаниште Ходеида за шест месеци. Хутите бараат итна проверка и поддршка за напуштениот танкер, додека ОН соопштија дека мора да има непристрасна проценка пред да отпочне работата за безбедно одржување. Јемен е уништен од граѓанската војна меѓу владата,  поддржана од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и Хутите, кои имаат поддршка од Иран. Во конфликтот што почна во 2014 година, загинаа десетици илјади луѓе, претежно цивили, а милиони луѓе се раселени. ми/  

Остани поврзан