• среда, 25 декември 2024

Гринпис: Зимава во Европа најмалку 100.000 „летови на духови“

Гринпис: Зимава во Европа најмалку 100.000 „летови на духови“
26 јануари 2022 (МИА) - Според анализа на Гринпис, оваа зима во Европа може да има најмалку 100.000 „летови на духови“ поради правилата на ЕУ за користење на аеродромски слотови. Целта на празни, непотребни или непрофитабилни летови, е да им се овозможи на авиокомпаниите да ги задржат своите права да полетуваат и слетуваат на главните аеродроми, но тие би можеле да генерираат до 2,1 милион тони емисии на стакленички гасови - или дури 1,4 милиони просечен бензин или дизел автомобили годишно, тврди Гринпис. - Барањето на Европската комисија за авиокомпаниите да летаат со празни авиони за да исполнат каква било квота, не само што е загадувачко, туку и крајно лицемерно, со оглед на нивната климатска реторика, изјави Хервиг Шустер, портпарол на кампањата на Гринпис - „Европска мобилност за сите“. Тој додаде дека емисиите, од транспортот, неверојатно растат. - Би било неодговорно, ЕУ да не ги суспендира летовите на духови и да ги забрани летовите на кратки релации, кога има разумна железничка врска, посочи Шустер. Кога започна Ковид пандемијата, Европската комисија ја намали од 80 на 25 отсто референтната вредност за летови што авиокомпаниите мора да ги извршуваат за да ги задржат своите слотови бесплатни. Но, во декември минатата година, Брисел ја зголеми бројката на 50 отсто, а во март повторно се зголеми на 64 отсто. бд/ссм/

Остани поврзан