• понеделник, 16 декември 2024

Грилиш жали за изоставувањето во репрезентацијата на ЕП 2024

Грилиш жали за изоставувањето во репрезентацијата на ЕП 2024

Лондон, 9 октомври 2024 (МИА) – Англискиот фудбалер Џек Грилиш е убеден дека требал да биде во националниот тим на Англија за Евро 2024 година.

Крилниот напаѓач на Манчестер сити не беше вклучен во составот од 26 играчи на Гери Саутгејт за турнирот во Германија, каде Англија загуби (2:1) во финалето со Шпанија.

- Ќе бидам искрен со вас. Не се согласувам целосно со ова. На теренот треба рамнотежа на секоја позиција и се сметам за прилично искусен играч. Имам освоено многу титули, па ако ме прашувате дали требаше да одам, да, сепак мислам дека требаше, но очигледно не мислеа така некои други, рече Грилиш.

Тој му се заблагодари на новиот селектор за враќањето во репрезентацијата.

-Благодарен сум на Ли Карсли што ми ја даде оваа шанса и ми веруваше. Тоа навистина ми значи многу. Мислам дека во текот на мојата кариера, играњето за тренери кои ми веруваа и комуницираа со мене на начинот на кој тој ги одработи последните два тренинг-кампа, навистина ми помогна. Ме прави да се чувствувам дека менаџерот навистина ме цени и не можам доволно да му се заблагодарам откако сум тука, додаде Грилиш.

Англија утревечер на „Вембли“ во Лондон ја пречекува Грција во натпревар од Б - Лига на нации 3. коло. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан