• среда, 25 декември 2024

Гризман стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и добил црвен картон на ист натпревар

Гризман стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и добил црвен картон на ист натпревар
Мадрид, 20 октомври 2021 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, забележа историско достигнување на натпреварот од Лигата на шампионите одигран синоќа против Ливерпул во 3. коло од групната фаза против Ливерпул (2:3). Триесетгодишниот Французин стана првиот фудбалер во историјата на елитното натпреварување кој успеал да постигне два гола и да добие црвен картон на ист натпревар. Гризман постигна два гола во првото полувреме против Ливерпул и доби директен црвен картон во 52. минута, бидејќи со нога го удри во глава напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино. зс/

Остани поврзан