• понеделник, 23 декември 2024

Грета Тунберг: Климатската конференција на ОН во Баку е само „црн хумор“ наместо вистинска климатска акција

Грета Тунберг: Климатската конференција на ОН во Баку е само „црн хумор“ наместо вистинска климатска акција

Лондон, 11 ноември 2024 (МИА) - Климатската активистка Грета Тунберг ја критикуваше годишната конференција за климатски промени на ОН, што годинава се одржува во Баку, нарекувајќи ја „црн хумор“ во статија објавена денеска во британскиот весник „Гардијан“.

Во статијата со наслов „Конференција на мирот? Како може авторитарен и противник на човековите права Азербејџан да ја одржува таа конференција?“, праша 21-годишната активистка, која го опиша Самитот како „само чин на зелено миење“.

Таа посочи дека целата економија на Азербејџан е изградена на фосилни горива, кои сочинуваат скоро 90 отсто од извозот на земјата. - Без оглед на тоа што можеби тврди, Азербејџан нема амбиции за климатска акција, изјави Тунберг.

Таа додаде дека земјата планира да го прошири производството на фосилни горива, што е сосема некомпатибилно со целта од 1,5 степени Целзиусови од Парискиот климатски договор.

Тунберг, исто така, го критикуваше досието за човекови права на Азербејџан, велејќи дека многумина присутни на конференцијата се плашат да го критикуваат режимот.

„Режимот на Азербејџан е виновен за етничко чистење, хуманитарни блокади и воени злосторства, како и за репресија врз сопственото население и притисок врз граѓанското општество во земјата“, напиша таа.

Тунберг моментално се наоѓа во Грузија, западен сосед на Азербејџан, но не планира да патува во Баку за конференцијата. Наместо тоа, ќе патува во Ерменија на подоцнежен датум. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан