• сабота, 22 февруари 2025

Гренел разговараше со претставници на Венецуела, најави средби и со опозицијата

Гренел разговараше со претставници на Венецуела, најави средби и со опозицијата

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) – Пратеникот за специјални мисии на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел изјави дека разговарал со повеќе државни претставници на Венецуела и за денеска најави средби со претставниците на опозицијата.

- Се врати дипломатијата. Разговорите се тактика, објави Гренел вчера на Икс.

За време на претходниот мандат на Трамп, Гренел беше вршител на должноста директор на Националната разузнавачка агенција, американски амбасадор во Германија и специјален пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград – Приштина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан