• понеделник, 17 март 2025

Грајмс бара нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да не објавува слики од нивните деца во јавноста

Грајмс бара нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да не објавува слики од нивните деца во јавноста

Лос Анџелес, 17 март 2025 (МИА) - Американската музичарка Грајмс изјави дека го молела нејзиниот поранешен партнер Илон Маск да престане да објавува фотографии од нивните деца на социјалните мрежи. Посебно ѝ пречел фактот што тој минатиот месец во Белата куќа со себе го однесе нивниот син X Æ A-XII (Екс Еш Еј-12).

„Ја молев јавноста и таткото на моите деца да не ги објавуваат (сликите) на социјалните мрежи. Побарав и правна помош. Видов како интернетот уништува млади луѓе. Многу сум загрижена што животот на моите деца е достапен за јавноста. Секој ден размислувам како да го решам ова", напиша таа на „Икс“.

Таа смета дека е „лудо“ што нема начин да се справи со овој проблем.

„Се надевав дека ќе има некој закон што ќе му овозможи на родителот да стави вето на објавувањето мали деца, но сега не верувам дека дури ни законот не ќе ми помогне ако се повикам на него, да бидам искрена“, додаде таа.

Покрај Екс Еш Еј-12, Грајмс и Маск имаат уште две деца: ќерката Екса Дарк Сидерел и синот Техно Механикус.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан