• петок, 05 декември 2025

Граѓански собир во Аеродром, се бара решавање на проблемот со Вардариште

Граѓански собир во Аеродром, се бара решавање на проблемот со Вардариште

Скопје, 2 септември 2025 (МИА) - Граѓани денеска излегоа на протест на раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ барајќи решавање на проблемот со депонијата Вардариште од каде, според нив, се чувствува неподнослива миризба особено по последниот пожар во депонијата.

Собирот беше организиран преку повик на социјалните мрежи во кој се вели дека граѓанска должност е да се побара веднаш решавање на проблемот. 

- Како граѓани се прашуваме кои институции ни недостигаат за да го решат овој проблем, се вели во повикот.

Граѓаните најавуваат собири секој ден се додека не видат конкретни мерки. бак/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан