• петок, 27 декември 2024

Граѓанските организации се вмрежуваат во проект на ЕУ за следење на корупцијата во јавните набавки

Граѓанските организации се вмрежуваат во проект на ЕУ за следење на корупцијата во јавните набавки
Кочани, 19 мај 2022 (МИА) – Граѓанското здружение „Ини“ од Виница, во партнерство со здруженија од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, е дел од невладината коалиција „Балкан тендер воч“ која ќе спроведува проект за следење на корупцијата во јавните набавки. Во рамки на почетните активности, во Кочани се одржа работна средба за вмрежување на граѓанските организации од Источниот плански регион, при што беше нагласено дека основната цел е да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор врз антикорупциските политики и практики во набавките на стоки и услуги во општинските и државните органи и институции. -Коалицијата „Балкан тендер воч“ е фокусирана на идејата за стеснување на просторот за коруптивност во набавките на јавниот сектор преку идентификување на специфични точки што се ранливи на корупција и разоткривање на коруптивни практики во одделни случаи што ќе бидат набљудувани. Дел од задачите е да се предлагаат и застапуваат решенија што ќе придонесат за намалување на негативностите во јавните набавки и надминување на недостатоците во ангажманот на невладиниот сектор во борба против корупцијатата, истакна Тодор Цонев, претседател на здружението „Ини“. Работни средби за вмрежување помеѓу граѓанските организации ќе се одржат и во останатите пет плански региони во државата, а намерата е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаења и искуства во невладиниот сектор. Реализацијата на проектот е со користење методологија што овозможува мерење на отпорноста на корупција во законодавните и институционалните рамки на земјата и перформансите на системите мерени преку избрани случаи, а финансиската поддршка е обезбедена од фондовите на ЕУ.та/вј/

Остани поврзан